Во бавча нашол прстен стар 700 години

Дваесет и шестгодишен градинар во Израел нашол добро сочуван бронзен прстен со ликот на свети Никола, соопштиле од израелската управа за антиквитети.

Средувајќи ја бавчата во една куќа во селото Јогев, Северен Израел, Декел Бен-Шитрит здогледал прстен за кој се верува дека е стар 700 години. Археолозите проценуваат дека прстенот е изработен помеѓу 12 и 15 век.

Од Управата за антиквитети изјавиле дека пронаоѓачот на прстенот ќе го одликуваат со сертификат за добар граѓанин, а прстенот ќе бил дел од Колекцијата на национално богатство на Израел.

Експерти за византиската ера посочиле дека прстенот многу ќе помогне на научна основа. На прстенот има лик за кој се смета дека е свети Никола, заштитник на морепловците, аџиите и патниците воопшто.

Scroll to Top