Печен компир со лук

Потребни состојки:

6 компири следна големина
2-3 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
30гр путер
морска сол
црн пипер

Откако ќе го измиете компирот, нема потреба да се лупи особено ако е млад компир. Ставете го на даска за сечење и исечкајте го по ширина, но не одете до крај, запрете со сечење 2-3 милиметри пред крај за компирот да ја задржи својата целина. Лукот исечкајте го ситно и ставете го во празнините на засечениот компир. Потоа во празнините додајте путер, морска сол и црн пипер во вкус. Наредете ги компирите во тавче и ставете врз нив маслиново масло. Печете 40 минути на 220 степени, во загреана рерна.

 

Scroll to Top