Организаторите на Зимските олимписки и параолимписки игри што ќе се одржат во 2020 година во Токио ги претставија маскотите на Олимпијадата. Фигурите, за кои гласаа над 100.000 ученици од основните училишта, потсетуваат на јапонскиот манга стрип.
Во гласањето за маскотите учествуваа над шест и пол милиони ученици, а во потесен избор влегоа три предлог-решенија. Победи дизајнот на Рио Танигучи, кој вели дека се обидел да ги спои традиционалните вредности со футуристичкиот изглед и да го претстави концептот „иновација преку хармонија“ што е основно лого на игрите во Токио.
Имињата на маскотите за сега не се знаат. Организаторите најавуваат уште една промоција.