Учител од Гана станал хит на социјалните мрежи кога на интернет се појавиле фотографии на кои се гледа дека на табла нацртал мени од „Мајкрософт ворд“. Тој преку сликата на табла им го објаснува на учениците тоа што децата во развиените земји го учат на компјутер.
Кога луѓето од „Мајкрософт“ слушнале за ситуацијата, ветиле дека на училиштето ќе му обезбедат компјутер.