Босанскиот пејач Хари Варешановиќ, основач на групата „Хари Мата Хари“, го ожени својот вонбрачен син, Мак. 25-годишниот Мак и неговата девојка Ружа Недиќ се венчаа во Сараево во круг на најблиското семејство и пријателите.
Хари со првата сопруга Аида има син и ќерка, но се разведоа откако се дозна дека го има вонбрачниот син Мек. Во 2010 година, Хари се прежени со Јасминка Иштук.
Пријателите на Хари велат дека е грижлив татко и дека не запоставува ниедно од своите деца. Тој е во добри односи и со првата сопруга.