Одбил два милиони евра да ги ослободи убијците на Аркан

Судијата Миленко Цвијовиќ, кој убијците на Аркан ги осуди неколку стотици години казни затвор, обил два милиони евра за да ги ослободи или да им ја намали казната.

„Тие беа луѓе од сферата на политиката, судството на безбедносните служби. Дури и еднаш ме следеа и ми донесоа црна вреќа полна со пари во ресторан. Ја отворија и ми рекоа: ‘Ве молам, земете го ова, моќните луѓе на власт стојат зад ова’. Јас не се согласував, по што почна мојот прогон“, рекол Цвијовиќ во интервју за „Ало“.

Според судијата, сумите за ослободување на убијците на Аркан се движеле од 500.000 евра нагоре, а му нуделе и станови кои тој ги одбивал. Вели и дека непознати лица го пресретнале и му се заканувале по телефон. Цвијовиќ бил свесен дека водел тежок случај и дека можел и да биде убиен заради пресудата.

Тој додал дека осудениот Добросав Гавриќ во времето на судењето го обезбедувале 40 лица, а тој добил обезбедување откако пријавил дека му се закануваат.

„Што се однесува на мене, совеста ми е чиста бидејќи 100% ги утврдив фактите во тој најопасен предмет. Јас во целост го расчистив случајот и донесов вистинска пресуда. Мотивот не е откриен, ниту нарачителот на убиството на Аркан, но убијците се зад решетки“, изјавил судијата кој во октомври 2006 година го осудил Гавриќ и двајца негови соработници.

 

Scroll to Top