Слабејте без напор со здрава диета

Оваа диета подразбира балансирање на хранливите материи и одржување на калориите на стандардно ниво. По 14 дена резултатите ќе бидат видиливи.

Почнете го денот со чаша млака вода во која ќе исцедите еден лимон. Ваквата лимонада ќе го прочисти телото и ќе помогне во разградувањето на мастите. Во наредниот час и половина испијте уште три чаши вода за да го исчистите телото од токсини. Препорачливо е во текот на денот да се напиете барем 2 литри вода, но не по секоја цена

Појадок

Постојат неколку опции за појадок: варено јајце или кајгана, овес или житарки со млеко, овошје (доколку јадете банана, ограничете се на една).

Ручек
За ручекот подгответе си оброк кој содржи многу протеини и искомбинирајте ги со свежа салата. Можете да јадете печено или варено пилешко, мисиркино или телешко месо; печена риба или исцедена туна; супа од спанаќ и интегрални тортиљи.

Вечера
Вечерата треба да биде најлесниот оброк. Подгответе супа со зеленчук, салата или мала порција тестенини. Можете да јадете и печен зеленчук со малку маслиново масло или да направите пуканки.

Помеѓу оброците
Доколку огладнете помеѓу оброците, исцедете сок од свежо овошје или изедете мала количина интегрални грицки.

Строго забрането се шеќер, сокови во амбалажа кои содржат адитиви, чипсови, чоколади и слатки од секаков вид
и леб.

Препорачливо е да спортувате. Каква било активност три пати неделно може да ви помогне да се чувствувате уште поубаво во сопственото тело.

Scroll to Top