Тајванскиот компјутерски инженер Ванг Банг, кој дал отказ оти не се сложувал со шефот, пронашол нов начин да заработи – произведува чорапи наменети на луѓето кои некому нешто му замеруваат. Тој за локалните медиуми изјавил дека шефот цело време го малтретирал.
Со цел да му помине нервозата, тој на чорапите, под петиците, го нацртал ликот на поранешниот шеф. Ванг ги носел чорапите и упорно газел по шефот. Кога почнал подобро да се чувствува, се досетил своите нови чорапи да почне масовно да ги произведува. Темните „вуду“ чорапи, како што ги нарекува, на петиците имаат натпис „поранешен шеф“ или „екс-директор“, „поранешно момче“, „поранешна девојка“, дури и имиња на некои тајвански политичари.
„Најдобро се продава оригиналниот пар со ’бившиот шеф’, зашто многумина ги мразат своите шефови“, изјавил Ванг.
Работата толку добро му тргнала, што повеќе не се лути на шефот. Напротив, благодарен му е бидејќи поради несложувањето со него почнал нова кариера.