„Фејсбук“ се извини за падот на посетеноста на порталите

„Фејсбук“ направи нешто што речиси никогаш досега не го направил, си ја призна грешката затоа што посетеноста на поралите во последната недела паднала на над 30 отсто.

Социјалната мрежа објави дека службено го прекинува експериментот со споделувањето на почетната страница на news feed и explore feed.

Во претходните неколку месеци „Фејсбук“ експриментира со почетните страници на news feed и explore feed, поточно со страницата на која ги гледате постовите на пријателите и другите и на кои се наоѓаат постови на „Фејсбук“.

Експериментот опфаќал земји како што се Србија, Словачка, Боливија, Гватамела, Камбоџа и Шри Ланка.

„Луѓето не сакаат раздвоени фидови“, истакнал раководителот на „Фејсбук“ за explore feed, Адам Мосери.

„Резултатите од анкетата покажале дека корисниците не се задоволни од постовите што ги гледаат, а раздвоените фидови не им помогнале повеќе да се поврзат со пријателите и семејството.

Мосери истакнува дека повеќе не постои потребата фидовите да бидат генерално раздвоени.

Издавачите и објавуачите, односно медиумите и компаниите, најмалку профитираат од оваа промена коаг „Фејсбук“ непрекинато ги менувал алгоритмите според кои постовите се прикажуваат, но „Фејсбук“ на многуте критики на сметка на тоа одговори дека оваа социјална мрежа не е погодна за бизнис.

Во меѓувреме компанијата продолжува со експриментирањето на њуз фид.

Во моментот се тестира опцијата посветена на локалните вести со име Today In, која е достапна само во шест града.

 

 

Scroll to Top