Водителката Јелена Спенџарска денеска беше во домот за стари лица „Лабос“ каде што со букет цвеќиња им го честиташе 8 Март на постарите дами. Покрај цвеќето, за дамите имало и изненадување, фризури.
„Денешниот ден им го разубавивме и на овие прекрасни бабички од домот за стари лица ‘Лабос’, кои никако не смеат да се чувствуваат осамени или заборавени на ваков убав празник. Идејата ја реализиравме благодарение на Тина Зак, со која им однесовме цвеќиња, а Николовска Елена им направи фризури. Не знаете колкава радост беше тоа за нив“, вели Јелена.
На дружбата, покрај кафето, се раскажувале и љубовни приказни, како и приказни од поранешна Југославија, додава водителката. (А.Г.)