Принцот Чарлс се подготвува за сериозни преговори неговата жена Камила Паркер да стане кралица кога тој ќе го превземе тронот во 2021 година.
Според неофицијалните информации, таа самата не сака да се задоволи со таа титула, туку смета дека доволна титула и е принцеза.
Кралицата би можела да се повлече на својот 95 роденден, на 21 април 2021 година.
Извор додава дека Нејзиното Височество ќе го прогласи принцот Чарлс за регент, а тој во суштина ќе ги има сите ингеренции како крал.
Главните противници, за да Камила ја добие титулата кралица, се обожавателите на принцезата Дајана, но ги има и од оние кои сметаат дека Камила ваквата титула ја има заслужено со нејзиното однесување во последните години.
„Официјалниот став е кога кралицата ќе умре, Камила да ја добие титулата принцеза, но Чарлс сака повеќе“, вели Чарли Проктор, новинар на Ројал центар.
„Крајно време е медиумите и јавноста го заборават минатото. Наместо тоа, би требало да се фокусираме на нејзината хуманитарна делатност и нејзината неуморна посветеност на хуманитарната организација, земјата и Комонвелтот“, вели тој.
Според неговите зборови, ако Камила не стане кралица тоа ќе биде шамар за сите нејзини напори изминатите години.