Британскиот глумец Хју Грант (57) по петти пат станал татко, а радосните честитки пристигнуваат од сите краеви на светот.
Ѕвездата на филмот „Нотинг Хил“ и неговата девојка Ана Еберстајн добиле трето дете. Иако многумина биле љубопитни да го дознаат полот на детето, како и името, славните родители не сакале да откриват поединости.
Уште од моментот кога новинарите на доделувањето на наградите Златен глобус забележале дека нејзиниот стомак е малку поголем и се посомневале дека е бремена. Хју вешто ја одбегнувал оваа тема и интимата ја чувал само за себе.
Единствената информација ја дала мајката на Ана, инаку влијателна шведска политичарка која за локалниот весник „Aftonbladet” потврдила дека бебето е на пат.
„Многу сум среќна што наскоро ќе станам баба на уште едно дете“ кусо коментирала во јануари.
Глумецот и продуцентката поминале заедно седум години, со прекинувања, но нивната љубов сепак опстанала.
Освен трите деца со Ана, Хју исто така ги има синот Феликс и ќерката Табита од врската со Тинлан Хонг.