Славниот холивудски срцекршач, Бред Пит, и понатаму, како што наведуваат странските медиуми, не се опоравиил од разводот на Анџелина Џоли, поради што донел изненадувачка одлука.
Имено, како што наведуваат странските таблоиди, Бред во наредните 12 месеци ќе мине без секс, алкохол и ноќни излегувања, а се зборува и дека редовно оди на терапија и води здрав начин на живот, со надеж дека целосно ќе се излечи од разводот.
Освен што тренира, актерот се храни здрави и целосно е посветен на новиот начин на живот, поради што наводно изгубил десет килограми.