Овен
Денешниот ден ќе ви донесе блиска средба со партнерот и трудете се да не го уништите тоа со вашата презафатеност. Посветете им вниманите и на пријателите, на некој од нив ќе му биде потребен вашиот совет.
Бик
Емоциите оставете ги на страна овој ден. Препорачливо е да ја заборавите срамежливоста и да го преземете првиот чекор во врска со личноста која ви се допаѓа. Како стимул за подобар ден нека ви биде вежбањето.
Близнаци
Ве очекува караница со вашиот партнер поради некој ваш пријател. Објаснете му на партнерот колку ви значат вашите пријатели, па можеби така ќе успеете да ја смирите ситуацијата. Работите кои се бараат од вас да ги завршите, не оставајте ги за утре.
Рак
Овој ден ќе ви биде од голема важност. Можно е да добиете романтична понуда за врска од личност со која сте во моментов. Прифатете ја понудата, бидејќи таа личност умее најдобро да ве развесели и најдобро ги знае вашите потреби.
Лав
Овој ден ќе ви биде исполнет со многу добри вести. Некој ваш пријател ќе добие понуда за работа во странство, па ќе бидете среќни за тоа. Вечерта нека ви биде резервирана за среба со парнерот и потрудете се да ги сослушате неговите проблеми.
Девица
Не се нервирајте поради работата. Кога станува збор за финансиите, доста сте несигурни и мислите дека не сте доволно платени. Слободно почнете врска со некој кој е во знакот на овен или вага, но обновувањето на врската со некој рак може да биде навистина стресно.
Вага
Сакате да направите нешто со што ќе им покажете на сите дека не зависите од никој. Не се оптоварувајте со она што го зборуваат завидливите колеги. Распоредот на ѕвездите во овој период ќе ви донесе несогласување со партнерот.
Скорпија
Имате многу работа, а со задоволсто би почнале нешто ново. Можни се вложувања во станвен простор. Многу ве привлекува на работа една авантура со некој во знакот на вага, па дури и ако не сте слободни. Вашата комуникативност ви е најсилен адут денеска.
Стрелец
Проблеми во комуникацијата со семејството. Малку ќе се колебате во врска со некоја нова работа. Почетокот и крајот на денот ви се поволни за љубов и за семејство. Избегнувајте ги работите кои можат да ви предизвикаат алергија.
Јарец
Бидете свои и импресионирајте ги другите со вашите таленти, покажете им што знаете. Кон крајот на денот ве очекува пријатно изненадување кое ќе ви го приреди некој ваш близок пријател.
Водолија
Месечината ќе ви донесе многу нови можности. Доколку не успеавте да ги регулирате односите со деловните партнери, немојте многу да се експонирате. Неверојатно сте вљубени, но и непотребно посесивни и љубоморни.
Риби
Финансиската ситуација би можела да ви се подобри. Доколку сте во долга врска и со партнерот поминувате маклу време заедно, и на двајцата ви е потребна промена. Внимавајте, некој се обидува да ви се наметне.