Лепа Брена: Со публиката немам сексуален однос

Пејачката Лепа Брена вели дека е воодушевена од Александра Пријовиќ, како и дека целото семејство плачело кога слушнале дека Александра и Филип Живоиновиќ се свршиле.

Брена не крие колку ѝ е драго што ќе добие женско засилување во куќата.

„Кога се јавија дека се свршиле, сите се расплакавме. Боба, јас, мајката на Филип… Тоа беше еден многу емотивен момент кога вашето дете, вашето бебе, некого што сте го негувале, почнува некој нов живот. Сите ја сакаме Александра и ни е неверојатно драго што добив засилување, така што повеќе во нашиот дом соодносот нема да биде четири спрема еден, туку четири спрема два. Многу ја сакам Александра, таа е личност што многу добро знае колку животот е напорен затоа што ја работи истата работа како и јас. Имам многу разбирање, а од мене секогаш ќе ја има целата помош“, изјавила пејачката и откри што мисли за разнишаниот систем на вредности, различности и за реалните програми.

„Проблемот што владее на целото наше подрачје е еден вид примитивен анимозитет кој постои. Не треба да копаме по старите рани, интими и приватност. Ајде малку да се освестиме затоа што е 21 век, цивилизација, урбанизација, едукација. Ајде ние што сме јавни личности да покажеме дека не сме сите за реални шоу-програма. Дека сите сме против тоа во медиумите да покажеме сексуална агресија, верска, национална и полова. Апсолутно сум против тоа“, порача Брена и потоа објасни какво е нејзиното мислење за хомосексуалците.

„Мене не ме интересира нечија определеност. Со публиката имам вонсериски однос, ние немаме сексуален однос. Ние мораме да научиме дека постојат различности. Секој од нас треба да го живее својот живот. Мене ми е важно дали е добар кон мене. За мене постои една личност со која спијам и ме интересира тој вид сексуалност, само со таа личност, а ставањето нос во туѓата интима ја научив во моето семејство многу одамна, дека тоа е невоспитано. Така што, живејте ги своите животи како што сакате, само немојте да нѐ малтретирате за некои работи“, изјавила Брена, која на прашањето дали е „за“ или „против“ геј-парадата, одговорила:

„Сметам дека луѓето треба да си ги живеат своите животи. Ако тоа е прифатено секаде во светот, зошто тоа да не би се прифатило и кај нас? Знам многу луѓе чија сексуална припадност е апсолутно поинаква од мојата. Која сум јас да судам за тоа?“, вели пејачката.

 

 

 

 

 

Scroll to Top