Вељко откри што се крие зад успехот во рингот со бугарот Јорданов

Пред неколку вечери Вељко Ражнатовиќ, синот на Светлана (Цеца) Ражнатовиќ, ја оствари својата прва победа во професионалниот бокс-меч. Во рингот во Јагодина го совлада и нокаутира Бугаринот Краштја Јорданов.

На многумина им беше мистерија како Вељко се најде во овие води, а зад сето ова се крие долг период на тренинг и одвикнување од работи за кои јавно не сакал да зборува.

“U pobedi se ne uzvisi, u porazu se ne unizi.” #tigerblood

A post shared by The Tiger- B P (@aceisb4ck) on

„Ова е вистинскиот пат за мене. Не се криев. Во тишина се работи, а резултатите се гледаат. Некои во овој спорт остануваат и до 35-годишна возраст, а јас ќе туркам до каде што можам“, изјави Вељко за емисијата „Ексклузивно“ и откри дека тренира во познат боксерски клуб.

🇷🇸

A post shared by The Tiger- B P (@aceisb4ck) on

Исто така, додал дека не е од оние што сакаат да се фалат, туку дека своите победи сака да ги слави мирно, со најблиските.

❤️ MOJE!

A post shared by CECA (@craznatovic_official) on

Вељко исто така додал дека поддршката од мајка му Цеца му значи многу, а таа тоа го докажа и на социјалните мрежи, каде што се пофали со успехот на својот син.

Scroll to Top