„Леголенд-центарот“ во Бирмингам, Велика Британија, бара мајстор градител кој ќе си игра со нивните коцки. За ова се подготвени да платат 6.000 евра месечно. На огласот се пријавиле преку 5.000 кандидати.
„Сакате ‘лего’ и имате доволно магија во себе за да им подготвите на децата незаборавни искуства со нови модели? Сакате да ширите радост и задоволство околу себе? Пријавете се и приклучете се на тимот во ‘Леголенд-центарот’“, стои во огласот.
Избраниот кандидат работното време ќе го поминува во сложување коцки и правење градби во „Леголенд-центарот“ за истражување во Бирмингам.