Шведската манекенка и бодибилдерка Иа Остергрен на „Инстаграм“ има над 150.000 обожаватели, а за тоа, пред сè, треба да им заблагодари на своите ептен долги нозе, чија должина и изнесува точно 101, 6 сантиметри.
Да, денес оваа долгонога убавица е поим и пример за совршен изглед, но не било секогаш сè така розово во нејзиниот живот. Иа неодамна проговори за малтретирањето што го преживувала во детството и за време на школувањето од страна на врсниците поради нејзиниот изглед.