Сите понекогаш по грешка сме избришале некоја фотографија од телефонот. Постои начин тие фотографии да се вратат. Без разлика дали користите андроид или ајфон, можете повторно да дојдете до избришаните фотографии.
Доколку имате ајфон, влезете во апликацијата Photos и потоа во албумите. Одете надолу до дното и притиснете на Recently Deleted. Во овој фолдер ќе ги пронајдете сите фотографии што сте ги избришале во последните 30 дена. За да ги вратите, потребно е само да ја селектирате саканата фотографија и да ја одберете опцијата Recover. Исто така,
можете да ја изберете и опцијата Delete и засекогаш да ја избришете фотографијата.
Ако постои фотографија што сакате да ја пронајдете, а е избришана многу одамна, тогаш можете да се потпрете на бек-ап на ајтјунс или да си платите посебна специјална апликација.
Ако сте корисник на андроид, најдобро решение за вас може да е апликацијата наречена Disk Digger, која можете да ја преземете од PlayStore. Кога ќе ја инсталирате апликацијата, со неа можете да го скенирате телефонот и да ги пронајдете избришаните фотографии. Отворете ја апликацијата и изберете ја опцијата Refresh List. Кога на екранот ќе ви се појави содржина, изберете System folder. Откако ќе го одберете фолдерот, одете на Scan Device и ќе ви се појави листа со избришаните фотографии. Кога ќе ја видите онаа што ја сакате, селектирајте ја и сочувајте ја. Апликацијата ќе ве праша каде сакате да ја сочувате, а кога ќе изберете локација, фотографијата ќе се врати во вашиот телефон.