Според пишувањата на светските медиуми, Анџелина Џоли му фрлила око на својот помлад колега Гарет Хедлунд за кој многумина велат дека личи на Бред Пит.
По разводот на Анџелина и Бред во јавноста се шпекулираше многу за нивните нови партнери и беа поврзувани со многу познати холивудски имиња.
Иако на крајот испадна дека се работи за неточни информации, американскиот таблоид “Радар” тврди дека Анџелина е заинтересирана за актерот Гарет Хедлунд.
“Разменуваа пораки, потоа се договараа да излезат… Така се започна. Наскоро планираат да одат на интимна вечера”, вели извор близок до Џоли и додава дека Гарет ги направил првите чекори.
Иронично или не, првата улога на Хедлунд беше покрај Бред Пит, во филмот “Троја” од 2004 година.
Радар пишува дека хемијата меѓу Анџелина и Хедлунд се појавија на кастингот за “Unbroken” чиј режисер е Џоли.