Јан Арно, 38-годишниот акробат на „Сирк де солеј“ починал завчера за време на настап на Флорида. Тој паднал од висина од пет метри. До него веднаш притрчале членови на труупата, но Французинот не давал значи на живот. Бил пренесен во болница, каде што констатирале смрт од здобиените повреди.
„Целото семејство ‘Сирк де солеј’ е во шок и неверување“, стои во соопштението од циркуската трупа. Тие ги одложиле следните настапи на трупата и соработуваат со полицијата за да се разреши случајот.
Арно бил дел од „Сирк де солеј“ 15 години.
„Го сакаа и почитуваа сите што имале прилика да го запознаат“, изјавил директорот на трупата Даниел Ламар.