И покрај ниските температури и снежните врнежи што денoвиве ја зафатија цела Србија, Јелена Карлеуша на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ се појави разголена и покажа дека временските услови не ѝ можат ништо.
Пристигна во стил на светска ѕвезда и, како и секогаш, излезе од возилото на гламурозен начин.
Најголемо внимание привлече со герданот околу вратот, но и огромното деколте кое не мина незабележано од присутните.
Иако не е лесно да се движите меѓу дупките на патиштата по вакво невреме, на Јелена ѝ тоа ѝ појде од рака.
Ни снегулките не успеаја да ѝ го расипат расположението, но ниту новата фризура!