Миа Борисављевиќ ја објави првата фотографија од ќеркичката

Српската пејачка Миа Борисављевиќ и нејзиниот дечко, пејачот Бојан Грујиќ, деновиве станаа родители откако на свет стигна малата Ема.

Миа се породила во породилиштето „Народен фронт“, а само неколку часа по породувањето, таа ја објавила првата фотографија од малата Ема.

„Фала на сите за честитките, ве сакаат Миа, Ема и Боки“, напишала Миа.

Како што пренесува Бојан за медиумите, сè минало како што треба, но ни тој ни Миа не очекувале породувањето да се случи токму сега затоа што лекарите им рекле дека има време.

Сè мина супер, сè се случи брзо, но не планиравме тоа да биде оваа вечер. Во принцип не беше страшно. Мене ми беше важно да ја однесам Миа што побрзо во болница. Таа се породи во ‘Народен фронт’. Ми беше страв да нема болки. Поради тоа паничев“, искрено за медиумите изјавил Бојан.

 

 

Scroll to Top