Поп-пејачката Сара Мејс e бремена. Таа и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, го очекуваат раѓањето на нивното прво дете. Сара и Димитар летото стапија во брак, и нивната свадбена веселба беше една од најинтересните за кои се зборуваше во јавноста. Димитар по невестата дојде со мотор, а свадбата ја отворија со танцова кореографија.
„Многу беше убаво, целата атмосфера, од матично, црква, моментот кога одев со татко ми, до свадбената веселба. Гостите не мрднаа од подиумот, сите игравме. Мене ме болеа нозете, но издржав“, откри Сара Мејс летото во интервјуто за „Репортер“.
По невестата се одело со музика, а Сара и Димитар од мерак решиле да ги испочитуваат сите македонски обичаи. Вели дека критично било туркањето врата. Тука машката страна потфрлила зашто нејзиниот бенд ја чувал во собата.
„Се налутија претставниците на машката страна зашто мојот бенд добро ме чуваше. Борбата беше тешка. Не ме даваа. Да не се фалиме, ама бевме посилни. На крајот им попуштивме, па влегоа“, откри Сара Мејс. (А.Г.)