Сефер Цановски се разведе и пак ќе се жени

Директорот на ФОН, Сефер Цановски, се разведе од сопругата Лејла, ќерката на Велија Рамковски. Сефер и Лејла беа во брак речиси 10 години и имаат две деца. Веста за разводот за „Репортер“ ја потврди Сефер, како и веста дека наскоро повторно ќе се венча, со Германката Сезан.

„Пред една година се разделивме со Лејла со заеднички договор. Среќен сум што останавме во одлични односи со фамилија Рамковски. Имаме две прекрасни деца заедно и тие ни се во фокусот на вниманието“, рече Сефер Цановски.

Со првата сопруга Лејла Рамковска

Тој ни потврди и дека има нова свршеница, Сезен Баш, која е Германка со турско потекло, и годинава планираат свадба.

„ Сезен е Германка, банкарка, има своја хуманитарна фондација. Веќе неколку месеци живееме заедно, а венчавката ќе биде оваа година“, рече Цановски.

Сефер е син на политичарот и бизнисмен Фијат Цановски и беше во брак со Лејла, ќерката на газдата на некогашната А1 телевизија.

А.Георгиев

Scroll to Top