Вчеравечер во хотелот „Александар палас“ првпат беа доделени првите награди на магазинот „Стори“ во Македонија. Истовремено, беше промовиран и првиот број од списанието на македонски јазик. На црвениот килим се појавија многубројни личности од јавниот живот, актери, музичари, модели, модни дизајнери, меѓу кои и Тијана Дапчевиќ, Вера Мештеровиќ, Елена Стефановска, Александар Тарабунов, Ацо Кабранов, Раул Гонзалес и многу други.
Кај жените доминираа долгите фустани, црната боја и тантелата, а кај мажите класичните косуми.
(Фото: Горан Десковски – „Стори“)