Балканот се простува од Мишо Ковач: Сплит подготвува емотивно испраќање на легендарниот пејач на „Пољуд“

Хрватска и целиот регион се простуваат од легендарниот пејач Мишо Ковач, кој почина на 31 октомври, во 86-тата година од животот. Неговото заминување предизвика огромна тага кај бројните обожаватели, а во Сплит се подготвува големо музичко испраќање во негова чест.

Според официјалната програма објавена од фудбалскиот клуб Хајдук, испраќањето ќе се одржи во вторник, 3 ноември, на стадионот „Пољуд“. Вратите ќе бидат отворени од 16 часот, додека музичката програма со настапи на колеги и пријатели на Ковач ќе започне во 17 часот.

Влезот ќе биде бесплатен, но посетителите ќе мора да обезбедат влезници поради организацијата на настанот.

Мишо Ковач со децении беше еден од најпрепознатливите гласови на поранешната југословенска музичка сцена. Неговите песни „Далмација у мом оку“, „Ако ме оставиш“ и „Полјуби земљу“ остануваат дел од музичката историја на регионот.

Планирана е и комеморација во Загреб, додека погребот ќе се одржи на гробиштата Мирогој, каде што почива неговиот син Еди. Според хрватските медиуми, желбата на семејството е погребот да биде во најтесен круг.

Scroll to Top