Царината на скопскиот аеродром вчера го фатила Боки 13 како се обидува да внесе луксузни чевли, ремени и очила за сонце во земјата, а да не плати царина, дознава „Нетпрес“.
Според нивни извори, велат дека во багажот на Боки 13 македонските цариници нашле 19 парчиња луксузни чевли од познати светски брендови. Бидејќи се обидел да ги прошверцува без да плати царина за нив, се сомничи дека сторил кривично дело во согласност со чл. 263, ст. 3. Од тие причини цариниците му изрекле глоба во висина од 15.000 евра.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.