Бијонсе во јакна на „Гучи“ од 5800 долари

Пејачката Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи повторно се на заедничка турнеја, а еден дел од подготовките поминаа на Јамајка, каде што снимија и видеоматеријал.

Бијонсе привлече големо внимание во скапоцената „Гучи“ јакна, која чини 5800 долари, а Џеј Зи беше нејзиниот возач низ Кингстон, каде што е роден легендарниот Боб Марли.

Инаку, двојката ќе ја почне својата турнеја The OTR 2 на 6 јуни во Кардиф во Велс, а засега се планирани 15 настапи низ Европа и 21 концерт во Северна Америка.

 

Scroll to Top