Хрватската пејачка Маја Шупут преку својот инстаграм-профоил откри дека се свршила. Таа два месеца ја чувала тајната дека Ненад Татаринов ја побарал за жена кога биле на Малдивите на почетокот на јануари.
„Ми недостига летото. И овој ден кога реков ‘да’. Свршена на 11.1.2018 година на Малдивите“, напишала Маја и со тоа ги збунила своите следбеници. Но, тие ѝ честитале на свршувачката и ѝ испратиле многубројни желби за среќа и долг заеднички живот.
Ненад и Маја се во врска од минатото лето. Се запознале во ресторан во Шибеник, каде што Ненад работел до неодамна.