Болница во Виена потпишала договор вреден 95 илјади евра за волшебник да ја чисти од негативна енергија. Вуду волшебникот е ангажиран да ја исисти новоизградената болничка зграда. Медиумите ова го нарекоа скандал, а без конкретен став останале и здравствени инспектори. Три лица биле се приведени и понатаму се во затвор.
Критики имала и виенската епархија која порачала дека е сосема непотребно ангажиран истерувачот на негативната енергија, бидејќи црковниот благослов е доволен и многу поевтин.
Ангажираниот вуду-експерт требал да направи „заштитен енергетски прстен” околу болницата. Но проектот беше запрен по реакциите во јавноста која го смета за скандалозен договорот.
Волшебникот или т.н. енергетски стручњак всушност е дилер на автомобили, кој се занимава со неутрализирање на протокот на неприродна енергија.