Наставничката Мери Кеј Летурно во 1997 година е осудена дека го силувала својот 12-годишен ученик Вили Фаулау. Мери Кеј имала 34 години и четири деца. Таа била осудена на затворска казна, па кога по седум години излегла од затвор, се омажила за Вили кој штотуку станал полнолетен.
Парот добил две девојчиња, а Мери Кеј ги прекинала сите врски со претходното семејство и со своите четири деца. Но, по 12 години брак, денес 53-годишната Мери Кеј и 31-годишниот Вили се разведуваат. Барањето за развод го поднел тој, но не ги објавува причините. И покрај тоа што ќе се разведуваат, тие и понатаму живеат заедно.