Обожавателите му замерија на Бојан Грујиќ за држењето на Ема

Миа Борисављевиќ и нејзиниот дечко Бојан Грујиќ пред неколку дена станаа родители на малата Ема, а нејзините фотографии веднаш беа објавени на социјалните мрежи.

Веднаш откако стигнала дома од породилиштето, Миа како горда мајка обајви фотографија на која, новопечениот тато ја држи ќеркичката, но освен честитки следеа и негативни коментари. На Бојан му замерија за тоа како ја држи малата Ема.

Имено, на Бојан му замериле за тоа како ја држи малата Ема, па тој и одговори на сите кои имаат такво мислење за него.

„Инфо за безмозоците. Детето се носи во таа положба поради вежбите кои беа совет од педијатарот за истегнување на вратните мускули. П.С. Сите кои немаат попаметна работа и мислат дека се многу паметни, можат да ми пишат воо инбокс, имам уште нешто што може да се придржи. На сите останати добри луѓе, им благодарам за убавите желби“, напишал Бојан.

 

Освен тоа, новопечениот татко го додал и следниот коментар со оваа објава:

„Што им е на луѓево? Многу глупи коментари, од љубоморни, суетни, искомплексирани и злобни луѓе. Но, фала богу ги има многу повеќе оние добрите, фините и културни луѓе“, дополнил Бојан.

Scroll to Top