Со торта, шампањ, рижото и школки модната блогерка Љупка Димитрова се пофали дека го прослави роденденот на своето момче Дарко Спејко.
Двојката го прославила роденденот во еден ресторан во Солун од каде што споделија и фотографии, па и неколку видеа. Со романтична вечера со музика, торта со роденденска свеќа, роденденски прскалки, Дарко Спејко го прослави 30. роденден.
Љупка и Спејко, победникот во „Големиот брат“, често го привлекуваат вниманието и на социјалните мрежи и на медиумите со провокативни фотосесии.