Луѓето навикнале да гледаат како светските ѕвезди живеат на висока нога и трошат огромни суми за пазарење гардероба.
Иако звучи неверојатно, сепак постои доказ дека пејачката Бијонсе и нејзината ќеркичка Блу Ајви пазарат во една продавница на најголемиот трговски синџир во Америка познат по тоа што сите производи ги нуди за половина цена.
Фановите веднаш ја постирале фотографијата на социјалните мрежи со коментар: „Ако Бијонсе купува таму, можам и јас“.
Но, пејачката не била премногу загрижена за околината и си ја гледала својата работа. Пазарела тоа што ѝ било потребно и сосема нормално комуницирала со оние кои ѝ се обраќале.
Sooooooo I saw Beyoncé at work today… pic.twitter.com/xFnd9kBObJ
— Ana ♡ (@AnaEBaez) March 25, 2018