Елена Велевска имаше сообраќајна незгода

Фолк-пејачката Елена Велевска вчеравечер имаше сообраќајна незгода на излегување од Охрид. Од Охрид заминала на снимање во едно од селата во близина на градот и возејќи пропаднала во дупка на патот. За среќа, иако автомобилот избегал од контрола, оти се дупнале двете гуми, пејачката не е повредена.

„Сè се случи во рок од две секунди, не возев брзо, но пропаднав во дупка бидејќи патот беше многу ископан и веднаш почувствував дека сум на бандаши. Се слушна издишување на гума и веднаш излегов од автомобилот. Настрадаа двете гуми од возачката страна. Среќа што не возев брзо, оти можеше да биде полошо“, вели Елена за „Репортер“. Таа ни раскажа дека на помош веднаш дошле локалните мештани. „Многу сум им благодарна. Вознемирена сум, што е нормално, но велам дека секое зло е за добро. Па така и ова, имав среќа што не се случи полошо”, вели фолк-пејачката. Деновиве таа се подготвува за промоција на новата песна, а на 14 април ќе има настап во Брисел.

 

 

Scroll to Top