Поранешната водителка Хелена Роза на социјалните мрежи сподели фотографија од синот Тиан. Тој веќе наполни осум месеци. Освен комплиментите кои ги доби на социјалните мрежи, многумина рекоа дека Тиан личи на мајка си.
Хелена со Тиан се породи во Нов Зеленад, каде што веќе неколку години живее со ќерката Кјара и сопругот Игор. Во интервју за „Репортер“ таа откри дека во Нов Зеланд одлично се снашле и дека во скоро време немаат намера да се враќаат во земјава.