Фолк-пејчката Елена Велевска има нов имиџ. Популарната пејачка долги години има долга костенлива коса, некогаш посветла, некогаш потемна. Но овој пат промената е голема, а Велевска објави фотографија на која има нов имиџ и темно-црвена коса.
Таа фотографијата од новата фризура ја објави на својот инстаграм-профил. Се пофали дека сликата ја направил режисерот Даниел Јовески. Нејзините фанови веднаш ѝ поделија комплиненти за изгледот, велејќи дека е ‘секси’ и ‘вамп жена’.