12-годишната Марија Спасовска викендов настапуваше на интернационалниот фестивал „Откритија Европа откритија планета“ во Москва. Таа го освои првото место во категоријата естрадно пеење и доби диплома „Прв лауреат премија“ на реномираниот фестивал во Русија.
Марија беше единствениот кандидат од Македонија. На фестивалот настапија и пејачи од Русија, Казахстан, Кина, Азербејџан, Литванија, Латвија, Словенија, Србија и Малта. Натпреварот се одржа од 29 до 31 март, а на 1 април беа прогласени наградените. За победниците на фестивалот одлучуваше интернационално жири.
Ова не е првпат Марија да освојува награди за пеење на меѓународни фестивали. Таа освои награда на фестивал во Минкс, Белорусија и на „Славјански базар“. Марија се натпреваруваше и во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕврздички“ и во македонското „Кастинг талент шоу“, каде што се бираа музичари за мјузиклот „Тајно моја“, посветен на Тоше Проески.