Нови тајни за животот на Меган во новата биографска книга

Ендру Мортон, биографот на принцезата Дијана, напиша нова книга во која открива интересни детали за Меган Маркл. Книгата „Meghan: A Hollywood Princess“ крие тајни за идната сопруга на принцот Хари:

Таа била опседната со принцезата Дијана

Мортон открива дека срцето на Меган било скршено кога Дијана погинала во сообраќајна незгода. Таа со солзи во очите го гледала погребот на принцезата во 1997 година.

Меган ја гледала Дијана не само како модна икона, туку и како идол. Отсекогаш била фасцинирана од кралското семејство. Таа сака да биде принцезата Дијана број два.

 

Обожавала забави

Во книгата Мортон тврди дека Меган обожавала луди забави, брза храна, многу шминка и експериментирање со косата, иако мајката на Меган има давано поинакви изјави за тинејџерските денови на ќерка си.

Првиот брак ѝ завршил ненадејно

Бракот со продуцентот Тревор Енгелсон завршил поради тоа што живееле одалечени поради работните обврски, кое им било голем проблем.

Мортон открива дека поранешниот сопруг сè уште е полн со лутина кон Меган.

Таа вежбала правилно пиење чај пред средба со кралицата

Со месеци пред да ја запознае кралицата Елизабета, Меган тренирала како треба да ја држи шолјата чај и како да се однесува за време на целиот протокол на пиење чај.

Според пишувањата на британските медиуми успеала во тоа затоа што кралицата Елизабета е комплетно воодушевена од Меган.

Scroll to Top