Македонија ќе настапува 11. во првото полуфинале на „Евровизија“

Денеска во Лисабон беше откриен редоследот по кој земјите ќе настапуваат во двете полуфиналиња на Евровизија. „Ај кју“ ќе настапат единаесетти во првото полуфинале на 8 мај. Пред нас ќе настапи Бугарија, а по Македонија ќе пее Хрватска.

Во првото полуфинале настапуваат 19 земји, а само 10 од нив ќе влезат во финалето што ќе се одржи на 12 мај.

„Ај кју“ ќе ја пеат песната Lost and found, која доби позитивни коментари и кај нас, но и од европските фанови. Автор на песната е Бојан Трајковски од „Ај кју“, а продуцент е Дарко Димитров.

Scroll to Top