Убаво ни е од другата страна од океанот

Поп-пејачот Ламбе Алабаковски веќе неколку години не е активен на музичката сцена. Тој живее во Америка со сопругата Магдалена и синот Михаил.

До сега неколкупати изјавил дека откако станал татко целосно му се променил  животот и дека сè во неговиот живот се врти околу Михаил.

На прашањето како е во Америка, вели дека таму е среќен.

„Овде е супер. Убаво ни е од другата страна на океанот“, изјави Ламбе за „Репортер“

Тој сподели заедничка семејна фотографија на социјалните мрежи. Иако пред извесно време се врати во Преспа, каде што почна бизнис  во угостителството, кратко потоа се врати во Америка.

Ламбе на музичката сцена се појави во 2004 година, во музичкото шоу „Плеј потрага по ѕвезди“, а потоа стана ексклузивец на „М2 продукција“.

Scroll to Top