Актерката Меган Маркл е висока 171 см, а има само 50 килограми. Нејзината фигура за многумина е идеална. Тајната на Меган е што по будењето пие чаша топла вода со лимон. Таа никогаш не го прескокнува појадокот, вежба јога и пие вино.
Меган секое утро го следи златното правило на правилната исхрана: пие топла вода со лимон. Тоа му помага на телото да се разбуди и да се наполни со енергија. Овој стандарден ритуал го практикуваат многу познати личности.
Меган никогаш не го занемарува појадокот. За ручек јаде салата и малку протеини, месо, риба, скара без масло, а за вечера – паста или бифтек со нискокалоричен сос од тиквички. Таа обожава да готви. Дури има и посебен рецепт за овој сос: тиквичките ги сече на коцки и ги пропржува во тавче, без масло. Кога се пропржени и меки ги става во блендер. Сосот го комбинира со храната или го јаде поединечно како посебен оброк.
Што јаде Меган во текот на денот?
Појадок: овесна каша со банана и мед или јаворов сируп или пудинг со чија семе.
Ручек: салата од зеленчук и парче риба (месо) или грав.
Ужина: едно зелено јаболко, бадеми или зеленчук и овошје.
Вечера: тестенини со тиквички и пармезан и чаша црвено вино.
Во нејзиниот фиржидер секогаш има хумус, морков, бадемово млеко и пилешко. Понекогаш знае да се почести со помфрит и морски плодови. Пие и милкшејк, а понекогаш и чаша вино.