Два месеца спиел покрај мртвата мајка оти немал пари да ја закопа

Драган Димитријевиќ од селото Глоговац кај Јагодина два месеца спиел покрај мртвата мајка Милка оти немал пари да ја закопа. Откако селаните пријавиле во полиција дека во куќата се случува нешто чудно, тие го пронашле телото на 82-годишната жена во фаза на распаѓање.

Синот бил приведен на сослушување за да се утврдат околностите под кои починала старицата. Драган раскажал дека мајка му умрела на почетокот на февруари, ама дека тоа го криел од роднините, соседите и пријателите, зашто немал пари да ја погреба според обичаите. На полицајците им кажал дека е во тешка финансиска ситуација, дека дури и струјата им е исклучена, а тој бил принуден да живее покрај мртвото тело на мајката.

По сослушувањето мажот бил пуштен на слобода, а телото било предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Полицијата смета дека старицата умрела од природна смрт, но ќе ги чекаат резултатите од обдукцијата пред да дадат официјално соопштение.

 

Scroll to Top