Идеи за пролетно уредување на балконот

Ако сè уште не сте го преуредиле балконот за новата пролет-лето сезона, тогаш време е да се инспирирате со нови и свежи идеи и да го подготвите омиленото место за уживање во вашиот дом во текот на топлите денови.

За да направите магично релаксирачко катче, не ви е потребна голема финансиска инвестиција, туку супер идеја и желба да ја реализирате.

 

Амбиентално светло

Светлото игра клучна улога во ентериерот, но исто така е значајно и при уредувањето на екстериерот. Секако, фокусот на светлото е во текот на ноќните седенки на балкон, кога со соодветниот избор на суптилни светла, се создава романтичен и интимен амбиент.

Детали од бамбус

Бамбусот е идеален избор за балконски столчиња или маси, а исто така може да го имплементирате и во форма на декоративни елементи. Егзотично изгледа во комбинација со омилените цвеќиња.

Украсни перници

Перници изработени од различни материјали, во креативни дезени, бои и принтови или со интересни натписи и пораки, ќе донесат темпераментен и пријатен амбиент на вашиот балкон.

Зелена оаза

Зеленилото е секогаш вистински избор за свежа и релаксирачка атмосфера, а ќе ви обезбеди чувство како да сте во природа далеку од градската врева. Одберете дрвце во саксија или, пак, билки што ќе ги засадите во мали тегли. И секако, не заборавајте секојдневно да се грижите за нив.

 

 

 

 

 

Scroll to Top