На социјалните мрежи осамна интересна фотографија на која се легендарниот фолк пејач Наум Петрески и ар-ен-би пејачотПанчо од дуото ДНК. Ова секако привлече внимание, особено што се заедно во студио.
“Кога ја имаш таа чест да си во студио со легендата на македонската народна песна“, напиша Панчо на фотографијата.
Иако за сега не сакаат да откријат за што станува збор, сепак, се зборува дека снимале заедничка песна. По објавувањето на нивната фотографијата, почнаа и нагаѓањата што се снимало во студио. Едни велат Наум запеал ар-ен-би, други пак Панчо народно.