Голем број верници го дочекаа Христовото воскресение пред храмовите ширум земјава. Меѓу нив беа и познатите музичари, водители, спортисти, актери, политичари… Дел од нив објавија фотографии и видеа на своите профили на социјалните мрежи. Со запалена свеќа, црвени јајца и честитката „Христос воскресна“, тие си го честитаа празникот со своите пријатели и следбеници. Меѓу оние што објавија фотографии се и Даниел Кајмакоски, Џина Папас Џокси, Калиопи, Едина Муса, Теа, Панчо ДНК, премиерот Зоран Заев, Александар Тарабунов и други.












