Едно ново научно истражување покажало дека косата освен што белее од старост, побелува и од стрес. Испитувањето извршено врз стотина испитаници докажа дека преголемиот стрес може преку ноќ да ја побели косата.
Научниците откриле дека ќелиите за пигментација на косата при големо количество стрес не се регенерираат, па затоа косата станува седа. Токму затоа многу луѓе имаат седи влакна и во младоста.