Сара Ристовска и Барбара Лазовиќ од следната сезона ќе играат во екипата на „Крим“ од Словенија. Десното крило и репрезентативка на Македонија, Ристовска, со „Крим“ потпиша договор на две години. За неа ова ќе биде прво интернационално искуство, откако претходно од „Металург“ дојде во „ЖРК Вардар“.
Барбара Лазовиќ, пак, од екипата на „Крим“ дојде во „ЖРК Вардар“.
Претходно уште пет ракометарки од „ЖРК Вардар“ најдоа нови тимови за следната сезона. Лакрабер догодина ќе игра во „Флери“, Цвијиќ, Радичевиќ и Лекиќ потпишаа договори со „ЦСМ Букурешт“, а Амандин Лејно ќе брани на голот на „Ѓер“.