Триесет и четири евровизиски делегации викендов беа во Амстердам на традиционалниот евровизиски промо настан Eurovision in concert. Концертот се смета и за официјална евровизиска забава поддржана од ЕБУ. Десеттото јубилејно издание овој концерт се одржа во арената „Афас“ пред околу пет илјади посетители. „Ај кју“ пред публиката ја пееја евровизиската Lost and Found.
„Навистина ни е драго што имавме прилика да настапиме во Амстердам, еден од најголемите музички центри во Европа. Многу ни значи добиената поддршка од публиката. Исто така забележавме и дека сите се горди и благодарни што имаат прилика да бидат домаќини на овој евровизиски настан во нивниот град“, рече Бојан од „Ај кју“.
Последниот промотивен настан на „Ај кју“ ќе биде на евровизискиот ревијален концерт во Мадрид, што ќе се одржи на 21 април.
Веднаш по пристигнувањето во Скопје, „Ај кју“ ќе настапат на финалето на СЕХА лигата како ексклузивни гости.